Рускиот пратеник вели дека авионот го собориле Украинците, тврди дека бил погоден со проектил

По соборувањето на рускиот транспортен авион во Белгородската област, високи руски функционери почнаа да ги обвинуваат Украинците за соборувањето на авионот.

Пензионираниот генерал Андреј Картаполов, некогашен пратеник во рускиот парламент, рече дека бил соборен од три проектили кои западните земји и ги доставиле на Украина, пишува Ројтерс .

Картаполов не го посочи изворот на информациите што вели дека ги поседува, нагласувајќи дека истрагата ќе потврди дали бил погоден со ракети „Патриоти“ или со ракети „Ирис-Т“, пренесува Телеграфи.

Од друга страна, руското Министерство за одбрана потврди дека во авионот имало 65 украински војници и девет членови на екипажот.

Украинците до сега воопшто не се изјасниле за соборувањето на рускиот авион во Белгородската област, која се наоѓа во близина на руско-украинската граница.

#Russia pic.twitter.com/lYthOHRP94— NDTV (@ndtv) January 24, 2024

Video | Russian Military Plane Carrying 65 Ukrainian Prisoners Of War CrashesRead More: https://t.co/87kc55f1PP pic.twitter.com/8gFgajhX5C— NDTV (@ndtv) January 24, 2024

Пронајдете не на следниве мрежи: