Луѓето во Велика Британија треба да бидат подготвени да служат војска во случај на војна со Русија, предупреди денеска началникот на Генералштабот на британската армија, Патрик Сандерс.
Во говорот на Меѓународната изложба на оклопни возила во Лондон, тој ги повика британските власти да ја „мобилизираат нацијата“ за да се подготват за војна со Русија, објави бриселскиот портал Политико.
- НОВ МАСОВЕН НАПАД ВРЗ САУДИСКА АРАБИЈА: ХУТИТЕ ИСПУКАЛЕ ДЕСЕТИЦИ БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ И ДРОНОВИ КОН ЏАЗАННова сериозна ескалација на јужната граница на Саудиска Арабија. Јеменското движење Ансар… Read more: НОВ МАСОВЕН НАПАД ВРЗ САУДИСКА АРАБИЈА: ХУТИТЕ ИСПУКАЛЕ ДЕСЕТИЦИ БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ И ДРОНОВИ КОН ЏАЗАН
- Делови од Гази Баба и Центар денеска без водаОд ЈКП Водовод и канализација известуваат дека денеска без вода ќе останат:… Read more: Делови од Гази Баба и Центар денеска без вода
- Облачно и постудено со повремени врнежи од дождОблачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и… Read more: Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд
- Средба на Сиљановска-Давкова со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, Абдула Али Атек Обаид АлсубусиПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, со… Read more: Средба на Сиљановска-Давкова со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси
- Британскиот премиер по 40 години го враќа пиењето пиво на трибинитеБританскиот премиер Енди Барнам изјави дека забраната за пиење алкохол на трибините… Read more: Британскиот премиер по 40 години го враќа пиењето пиво на трибините
Иако не поддржува регрутирање, Сандерс ја нагласи потребата од „промена“ на ставот на британската јавност за да биде ментално подготвена за воен конфликт со Русија.
Говорот на Сандерс дојде откако други западни воени лидери и највисоки претставници на одбраната претходно предупредија на ризикот од голема војна меѓу Москва и НАТО. По нападот на Украина, владата на рускиот претседател Владимир Путин ја засили, според порталот, воинствена реторика против соседните земји, вклучително и балтичките земји, кои се членки на НАТО, и Молдавија.
Минатата недела германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека рускиот напад врз НАТО е можен за пет до осум години.
Холандскиот адмирал Роб Бауер, висок функционер на НАТО, претходно изјави дека воениот блок се соочува со „најопасниот свет во последните децении“ и повика на „борбена трансформација на НАТО“.
Пронајдете не на следниве мрежи:



