Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, вечерва соопшти дека решил да ја повлече својата кандидатура за пратеник во Европскиот парламент на изборите во јуни и дека планира да го заврши целиот свој актуелен мандат, кој истекува во ноември.
Нема да бидам кандидат на европските избори, објави Мишел на неговата Фејсбук страница.
- НОВ МАСОВЕН НАПАД ВРЗ САУДИСКА АРАБИЈА: ХУТИТЕ ИСПУКАЛЕ ДЕСЕТИЦИ БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ И ДРОНОВИ КОН ЏАЗАННова сериозна ескалација на јужната граница на Саудиска Арабија. Јеменското движење Ансар… Read more: НОВ МАСОВЕН НАПАД ВРЗ САУДИСКА АРАБИЈА: ХУТИТЕ ИСПУКАЛЕ ДЕСЕТИЦИ БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ И ДРОНОВИ КОН ЏАЗАН
- Делови од Гази Баба и Центар денеска без водаОд ЈКП Водовод и канализација известуваат дека денеска без вода ќе останат:… Read more: Делови од Гази Баба и Центар денеска без вода
- Облачно и постудено со повремени врнежи од дождОблачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и… Read more: Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд
- Средба на Сиљановска-Давкова со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, Абдула Али Атек Обаид АлсубусиПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, со… Read more: Средба на Сиљановска-Давкова со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси
- Британскиот премиер по 40 години го враќа пиењето пиво на трибинитеБританскиот премиер Енди Барнам изјави дека забраната за пиење алкохол на трибините… Read more: Британскиот премиер по 40 години го враќа пиењето пиво на трибините
Tој наведе дека не сака неговата кандидатура за европратеник да го оттргне од неговата мисија, да ги поткопа Советот на ЕУ и европскиот проект или да биде злоупотребена на каков било начин за да се предизвикаат поделби во институцијата со која раководи.
Верувам дека мора неуморно да работиме на европското единство. Личните напади се повеќе се истакнуваат пред фактичките аргументи – верувам дека ова го искривува објективниот демократски дискурс. На лично ниво, тоа ме тера да размислувам за значењето и влијанието на мојата изборна посветеност на која потрошив 30 години од мојот живот, не само за мене, туку и за оние кои ми се блиски, додаде Мишел.
Тој посочува дека одлуката да се кандидира за европратеник, скратувањето на неговиот мандат и „продолжувањето на мандатот на неговиот наследник за неколку месеци“ довело до „екстремни реакции – не во рамките на Европскиот совет, туку надвор од него“.
– Сите мои напори, со цврста решеност, ќе ги посветам на моите сегашни должности, наведе Мишел, додавајќи дека на „крајот од мандатот ќе одвои време да размисли за природата и насоката на идната посветеност“.
Одлуката на Мишел да се повлече од трката за европратеник доаѓа на шест дена пред вонредниот Самит на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ, на кој треба да се разговара за механизмот за финансиска поддршка за Украина.
Мишел на почеток на месецов соопшти дека ќе биде носител на листата на белгиското либерално Реформско движење (МР) на изборите за членови на Европарламентот од Белгија. Доколку беше избран за европратеник, Мишел по изборите ќе мораше да се повлече од местото претседател на Советот на ЕУ, што отвораше можност за две опции – неговиот наследник на оваа функција да биде избран уште во јуни или пак со Советот до ноември да раководи унгарскиот премиер Виктор Орбан, чија земја ќе претседава со Унијата во втората половина од годинава.
Пронајдете не на следниве мрежи:



