Воениот авион Е-6B Mercury на американската морнарица привлече внимание со својот изглед откако пред неколку дена слета на меѓународниот аеродром „Тусон“ во Аризона. Авионот од т.н флотата на судниот ден, изгледа прилично истрошен, а големи парчиња боја недостасуваат на трупот, опашката и хаубата.
Бродовите на американската морнарица во неколку наврати го привлекоа вниманието на јавноста поради нивната ‘рѓа и истрошениот изглед. Сепак, се чини дека во овој случај се работи за нешто друго.
„Бојата на авионот E-6B 164387 не се прилепува на прајмерот. Во моментов го истражуваме ова прашање и бараме соодветна резолуција“, соопшти канцеларијата за воздушна стратешка команда, контрола и комуникации (NAVAIR) на Командата за поморски воздушни системи на САД (NAVAIR) во одговор за War Zone.
E-6B ‘Doomsday Plane’ Looks Like It’s Been Through ArmageddonThe Navy is trying to figure out exactly why a E-6B Mercury airborne nuclear command and control aircraft has ended up looking so distressed.Story: https://t.co/CfrH04V0wF— The War Zone (@thewarzonewire) January 26, 2024
Иако изгледа како да поминал низ сито, NAVAIR нагласува дека авионот E-6B Mercury е целосно способен за мисии и продолжува да ги извршува сите зададени задачи. E-6B Mercury се базирани на авионите Boing 707, а американската морнарица има намера да ги замени до крајот на деценијата со нови авиони на судниот ден базирани на комапнијата Lockheed Martin – C-130J-30 Hercules.
E-6B Mercury не е борбен авион, туку служи како команден и контролен центар и е наменет за комуникација со стратешки нуклеарни подморници кои можат да носат нуклеарни боеви глави. Авионите на „флотата на судниот ден“ му овозможуваат на американскиот претседател да ја одржува командата со воздухот дури и во случај на нуклеарна војна.
Одржувањето во функција на доволен број на E-6B Mercury во кое било време е критично за одвраќање на нуклеарна војна. Овие авиони обезбедуваат можност за „опстанок“ на нуклеарниот арсенал и пренесување наредби за извршување нуклеарен напад со испраќање на т.н. пораки за итна акција (EAM) доколку се појави потреба.
E-6B Mercury имаат куп различни специјализирани способности, како антена долга осум километри за директна комуникација со подморници со балистички ракети од класата Ohio и можност за лансирање на интерконтинентални балистички ракети Minuteman III во лет.
Воздухопловните сили на САД, исто така, имаат четири поголеми авиони E-4B Nightwatch базирани на Boing 747, исто така познати како Национални воздушни оперативни центри (NAOCs), со командни и контролни способности за нуклеарно оружје. Сепак, оваа многу мала флота на авиони е првенствено наменета за претседателот и другите високи функционери за да можат да продолжат да ја вршат својата власт во случај на исклучително сериозна криза.
Пронајдете не на следниве мрежи:



