Стотици илјади американски камионџии и активисти ќе маршираат на повеќедржавен митинг во знак на протест против политиката на актуелната американска администрација, за која веруваат дека не презема соодветни мерки за заштита на јужната граница. Ова го објави VICE News.
- Конгресменот од Тексас, Кит Селф, кој го поддржа релито, предложи да учествуваат до 700.000 возила и ги повтори тврдењата на организаторите, нагласувајќи дека тоа треба да биде мирна демонстрација – пишува VICE.
- Франција испраќа војници и ПВО во Саудиска Арабија: Макрон ќе го штити клучниот нафтен центар ЈанбуФранција ќе распореди војници, радари и системи за противвоздушна одбрана во… Read more: Франција испраќа војници и ПВО во Саудиска Арабија: Макрон ќе го штити клучниот нафтен центар Јанбу
- Сузан Сарандон уапсена на протестот против Нетанјаху во Њујорк, Десетици делегати ја напуштија салата пред неговиот говор во ОНХоливудската легенда Сузан Сарандон беше меѓу уапсените на протестот во Њујорк,… Read more: Сузан Сарандон уапсена на протестот против Нетанјаху во Њујорк, Десетици делегати ја напуштија салата пред неговиот говор во ОН
- ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Е ПОГОДЕНА ОД БОМБА! Има мртви и ранети, објавени се ужасни видеа од нападот!Во вторник, во руски воздушен напад врз Краматорск во регионот Донецк… Read more: ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Е ПОГОДЕНА ОД БОМБА! Има мртви и ранети, објавени се ужасни видеа од нападот!
- Муцунски и Пирс разговараа за безбедноста и европската интеграција на регионотПопладнево во Њујорк, на маргините на Генералното собрание, министерот Муцунски оствари… Read more: Муцунски и Пирс разговараа за безбедноста и европската интеграција на регионот
- Цените на нафтата над 100 долариЦените на нафтата пораснаа на меѓународните пазари кон 106 долари, бидејќи… Read more: Цените на нафтата над 100 долари
Претходно, Селф имаше неколку објави на својата страница на социјалната мрежа „Х“ во врска со спорот меѓу демократите и републиканците во Конгресот. Според него, не може да стане збор за каква било помош на Украина додека не се обезбеди безбедноста на јужната граница на САД.
- Сакаме да го направиме овој мирен собир што е можно поголем за да им кажеме на федералните, државните и локалните власти дека не сакаме отворени граници – изјави за публикацијата Скоти Сакс, еден од организаторите на митингот.
Истовремено, тој истакна дека неговиот тим е подготвен за појава на „инфилтратори“ и „провокатори“, а од нив ќе биде „барано да си заминат“. Сакс, исто така, рече дека камионџиите се во контакт со локалните органи за спроведување на законот и состаноци ќе се одржат на приватен имот.
VICE забележува дека многу поддржувачи на републиканците го гледаат собирот како „федерална провокација“ насочена кон Доналд Трамп и го споредуваат со настаните од 6 јануари 2021 година, кога демонстрантите упаднаа во Капитол.
Пронајдете не на следниве мрежи:



