Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека денеска е важен ден за грчката национална одбрана бидејќи Грција официјално е на пат да набави до 40 авиони Ф-35.
„Врз основа на писмото што го добив од државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен, беше нагласена и запечатена стратешката длабочина на грчко-американските односи“, рече Мицотакис, според Катимерини.
- Франција испраќа војници и ПВО во Саудиска Арабија: Макрон ќе го штити клучниот нафтен центар ЈанбуФранција ќе распореди војници, радари и системи за противвоздушна одбрана во Саудиска… Read more: Франција испраќа војници и ПВО во Саудиска Арабија: Макрон ќе го штити клучниот нафтен центар Јанбу
- Сузан Сарандон уапсена на протестот против Нетанјаху во Њујорк, Десетици делегати ја напуштија салата пред неговиот говор во ОНХоливудската легенда Сузан Сарандон беше меѓу уапсените на протестот во Њујорк, одржан… Read more: Сузан Сарандон уапсена на протестот против Нетанјаху во Њујорк, Десетици делегати ја напуштија салата пред неговиот говор во ОН
- ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Е ПОГОДЕНА ОД БОМБА! Има мртви и ранети, објавени се ужасни видеа од нападот!Во вторник, во руски воздушен напад врз Краматорск во регионот Донецк загина… Read more: ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Е ПОГОДЕНА ОД БОМБА! Има мртви и ранети, објавени се ужасни видеа од нападот!
- Муцунски и Пирс разговараа за безбедноста и европската интеграција на регионотПопладнево во Њујорк, на маргините на Генералното собрание, министерот Муцунски оствари средба… Read more: Муцунски и Пирс разговараа за безбедноста и европската интеграција на регионот
- Цените на нафтата над 100 долариЦените на нафтата пораснаа на меѓународните пазари кон 106 долари, бидејќи трговците… Read more: Цените на нафтата над 100 долари
Според него, во исто време, Грција ќе добие многу голем пакет опрема бесплатно, со што ќе се зајакнат сите три гранки на вооружените сили, како и крајбрежната стража на Грција.
„Тоа се фрегати, транспортери Ц-130, оклопни тенкови и возила, но и многу други одбранбени материјали кои нашата земја ги обезбеди на барање што лично му го испратив на претседателот (САД Џозеф) Бајден во мај 2022 година“, рече Мицотакис.
Тој посочи дека ова е резултат на методичен, тивок и долг напор, кој претставува комбинација на доследноста на Грција како сојузник на меѓународните фронтови и промоција на нејзините национални интереси.
Американскиот Стејт департмент претходно денеска го информираше Конгресот дека одобрил продажба на 40 ловци Ф-35 на Грција, кои чинат 8,6 милијарди долари.
Пронајдете не на следниве мрежи:



