Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел денеска изјави дека безбедноста на Европа ќе биде загрозена доколку рускиот претседател Владимир Путин победи во војната во Украина и оти е погрешно да се разговара со него за примирје.
Борел во авторски текст објавен во францускиот весник „Л’Обс“ и на социјалната мрежа Икс истакнува дека по секоја цена мора да се спречи настанување на свет во кој „моќта е над правото“. Тој, исто така додава дека победата на Путин во Украина ќе ги охрабри другите автократии да ги следат своите империјалистички цели.
- Франција испраќа војници и ПВО во Саудиска Арабија: Макрон ќе го штити клучниот нафтен центар ЈанбуФранција ќе распореди војници, радари и системи за противвоздушна одбрана во Саудиска Арабија… Read more: Франција испраќа војници и ПВО во Саудиска Арабија: Макрон ќе го штити клучниот нафтен центар Јанбу
- Сузан Сарандон уапсена на протестот против Нетанјаху во Њујорк, Десетици делегати ја напуштија салата пред неговиот говор во ОНХоливудската легенда Сузан Сарандон беше меѓу уапсените на протестот во Њујорк, одржан против… Read more: Сузан Сарандон уапсена на протестот против Нетанјаху во Њујорк, Десетици делегати ја напуштија салата пред неговиот говор во ОН
- ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Е ПОГОДЕНА ОД БОМБА! Има мртви и ранети, објавени се ужасни видеа од нападот!Во вторник, во руски воздушен напад врз Краматорск во регионот Донецк загина едно… Read more: ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Е ПОГОДЕНА ОД БОМБА! Има мртви и ранети, објавени се ужасни видеа од нападот!
- Муцунски и Пирс разговараа за безбедноста и европската интеграција на регионотПопладнево во Њујорк, на маргините на Генералното собрание, министерот Муцунски оствари средба со… Read more: Муцунски и Пирс разговараа за безбедноста и европската интеграција на регионот
- Цените на нафтата над 100 долариЦените на нафтата пораснаа на меѓународните пазари кон 106 долари, бидејќи трговците беа… Read more: Цените на нафтата над 100 долари
– Путин кажува дека сака да стави крај на конфликтот што е можно поскоро, но само под негови услови. Тој веќе во многу наврати покажа дека никогаш не преговара со добра волја и не ги почитува постигнатите договори. А денес, помалку од една година пред американските избори, за кои верува дека би можеле да ги поддржат неговите империјалистички амбиции, кој може сериозно да верува дека Путин бара компромис?, наведува Борел.
Според него Европа била премногу бавна за да одговори на повиците за помош од Украина и дејствувала само кога се појавила заканата Русија да добие предност во војната.
– Ова двоумење чини многу животи. Мораме да ја смениме парадигмата за поддршка на Украина и да направиме сè што е потребно и сè што е потребно за Украина да победи, посочува Борел.
Шефот на европската дипломатија тврди дека помошта мора да вклучува испраќање ракети со долг дострел и други напредни системи за оружје и дека Европа мора да ја зајакне воздушната одбрана на Украина.
– Иако нашите трошоци за одбрана веќе се зголемени за 40 отсто во споредба со историскиот минимум од 2014 година, овој пресврт на трендот сè уште не е доволно брз. Мораме да ги засилиме нашите напори за да победиме во оваа трка со времето со Русија на Путин, напиша Борел.
Пронајдете не на следниве мрежи:



