– Националниот институт за јавно здравје во Романија денеска соопшти дека во периодот од 1-ви до 28 јануари 2024 година во земјата се потврдени 4.205 случаи на сипаници, меѓу кои и шест смртни случаи.
Само во последната недела се регистрирани 459 нови случаи и два смртни случаи, покажуваат податоците.
- Драма во Кратово: Фрлал камења по даночни инспектори, завршил во притворОсновното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице за – Спречување службено… Read more: Драма во Кратово: Фрлал камења по даночни инспектори, завршил во притвор
- (Видео) Голем пожар во Норвешка, изгореа повеќе од 50 куќиПовеќе од 50 куќи беа уништени во пожар што избувна денес во близина… Read more: (Видео) Голем пожар во Норвешка, изгореа повеќе од 50 куќи
- САД подготвени за жестока ескалација на војната со ИранАдминистрацијата на Трамп го информираше Израел дека ќе испрати уште десетици авиони за… Read more: САД подготвени за жестока ескалација на војната со Иран
- Лимани: Во моментов нема официјалени докази дека стомачните тегоби се од водата во ГостиварВо моментов нема официјален медицински или лабораториски доказ дека пријавените стомачни тегоби се… Read more: Лимани: Во моментов нема официјалени докази дека стомачните тегоби се од водата во Гостивар
- Унгарија одби да го поддржи започнувањето на постапката за отворање на Кластерите 2 и 3 за УкраинаУнгарија одби да го поддржи започнувањето на постапката за отворање на кластерите 2… Read more: Унгарија одби да го поддржи започнувањето на постапката за отворање на Кластерите 2 и 3 за Украина
На почетокот на декември 2023 година, Министерството за здравство на Романија прогласи епидемија на морбили (сипаници) на национално ниво за да се овозможи вакцинација на децата на возраст меѓу девет и 11 месеци, како и на невакцинираните, во услови на алармантен пораст на случаи на мали сипаници и големиот број хоспитализации на заболени деца во детските и инфективните болници.
Според институтот, еден од двата смртни случаи е регистриран кај осуммесечно момче од областа Брашов. Детето имало коморбидитет: Прадер-Вили синдром. Вториот смртен случај е регистриран кај 24-годишен млад човек од округот Муреш, невакциниран против морбили, кој имал семеен контакт со потврден случај на мали сипаници (невакцинирано лице). Имал и коморбидитет: тешка ментална ретардација.
Над 4.200 потврдени случаи на сипаници се регистрирани во 39 окрузи и во Букурешт, со најголем број случаи во окрузите Брашов (892), Муреш (849), Клуж (205), Џурџиу (212) и главниот град Букурешт (590).
Во периодот од 6 декември 2023 до 28 јануари 2024 година, според Националниот електронски регистар на вакцини, со вакцина против сипаници, заушки и рубеола биле вакцинирани вкупно 53.477 деца, од кои 8.971 биле на возраст од 9 до 11 месеци.
Пронајдете не на следниве мрежи:



