Советот за безбедност на ОН в понеделник ќе одржи итен состанок за американските напади во Ирак и Сирија, што ги почна како одмазда за смртта на тројца американски војници, изјавија дипломатски извори за француски медиуми.
Состанокот, што го побара постојаната членка Русија, ќе се одржи в понеделник во 16:00 часот по локално време (21:00 по Гринич), соопштија дипломатски извори.
Ќе се разговара за нападите што Вашингтон ги изврши против групите поддржани од Иран кои ги обвини за напад на американски војници во регионот.
Пронајдете не на следниве мрежи:


