Повеќе од 1.000 мигранти од земјите од Субсахарска Африка пристигнаа на Канарските острови со 18 чамци во изминатите три дена, соопшти шпанската поморска спасувачка служба. Во еден од чамците било пронајдено мртво тело.
- ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Е ПОГОДЕНА ОД БОМБА! Има мртви и ранети, објавени се ужасни видеа од нападот!Во вторник, во руски воздушен напад врз Краматорск во регионот Донецк загина едно… Read more: ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Е ПОГОДЕНА ОД БОМБА! Има мртви и ранети, објавени се ужасни видеа од нападот!
- Муцунски и Пирс разговараа за безбедноста и европската интеграција на регионотПопладнево во Њујорк, на маргините на Генералното собрание, министерот Муцунски оствари средба со… Read more: Муцунски и Пирс разговараа за безбедноста и европската интеграција на регионот
- Цените на нафтата над 100 долариЦените на нафтата пораснаа на меѓународните пазари кон 106 долари, бидејќи трговците беа… Read more: Цените на нафтата над 100 долари
- Си Џинпинг: Конкуренцијата меѓу Кина и САД не смее да биде борба до смртКинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека и Кина и САД се големи… Read more: Си Џинпинг: Конкуренцијата меѓу Кина и САД не смее да биде борба до смрт
- Меланија Трамп е домаќин на првата дама на Кина, средбата е во фокусот на дипломатско значење и стил (фото)Меланија Трамп и Пенг Лијуан го посетија Националниот музеј на азиска уметност „Смитсонијан“… Read more: Меланија Трамп е домаќин на првата дама на Кина, средбата е во фокусот на дипломатско значење и стил (фото)
Архипелагот во близина на брегот на северозападна Африка доживеа нагло зголемување на миграциските текови во последните неколку недели, бидејќи сè повеќе Западноафриканци се решаваат за опасното патување по вода до шпанските острови. Според властите, само во јануари пристигнале 7.270 мигранти, што е колку за целата прва половина од минатата година.
Повеќето чамци поаѓаат од Мавританија. Шпанскиот премиер Педро Санчез и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во четврток ќе ја посетат западноафриканската земја за да ги повикаат тамошните власти да го ограничат бројот на мигранти што ја напуштаат нивната територија.
Шпанија и ЕУ склучија договори за соработка со Мавританија и соседниот Сенегал за намалување на миграциските текови кон Канарските Острови
Пронајдете не на следниве мрежи:



