Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, ја исмеа изјавата на Урсула фон дер Лајен, шефица на Европската комисија, во која се наведува дека Русија е виновна за штрајковите и незадоволството на земјоделците, предизвикани од климатските промени.
– Па, ова е моќен пресврт. Неочекувано, но и пријатно е што управуваме и со климата на планетата. Каде се во сето ова земјоделците од ЕУ? Очигледно со нив се занимаваат некои руски аматерски хакери. Се прашувам дали и Земјата ротира по налог на Москва – со потсмев коментираше Захарова.
Изминативе недели во земјите на ЕУ често имаше протести на земјоделците кои бараат да се укинат бројните рестрикции, да се промени земјоделската политика, како и да се прекине увозот на евтини странски производи. Тврдат дека политиката во ЕУ станала неисплатлива и за тоа ја обвинуваат политиката на Европската комисија.
Кремљ веќе изјави дека Западот ја обвинува Русија за сите настани и дека тоа стана општ тренд.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.