– Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, вчера разговараше за безбедносната ситуација во врска со нуклеарната електрана Запорожје, најголема во Европа и меѓу 10-те најголеми во светот, со лидерот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) Рафаел Гроси во украинскиот главен град Киев.
„Страните разговараа за моменталната безбедносна ситуација во привремено окупираната нуклеарна електрана Запорожје и ризиците што ги претставува нејзината окупација од страна на трупите“, се вели во соопштението на украинското Претседателство.
- Од расправија на социјални мрежи до пукање во двор! – МВР со деталиНа 5 мај 2026 година, во 18:45 часот, В.С. (31) од… Read more: Од расправија на социјални мрежи до пукање во двор! – МВР со детали
- Израелците купуваат 10.000 ракети од Американците за една милијарда долари, тврдат дека се „лек“ за иранските беспилотни леталаСоединетите Американски Држави одобрија итна воена продажба на 10.000 ракети APKWS… Read more: Израелците купуваат 10.000 ракети од Американците за една милијарда долари, тврдат дека се „лек“ за иранските беспилотни летала
- Дали Ким Кардашијан прави пауза од полагањето на правосудниот испит? Изворот тврди дека таа нема повторно да го полага испитотРиалити ѕвездата Ким Кардашијан прави пауза од полагањето на правосудниот испит… Read more: Дали Ким Кардашијан прави пауза од полагањето на правосудниот испит? Изворот тврди дека таа нема повторно да го полага испитот
- Еве ги начините на кои можете да ја одржите врската со вашиот партнер по раѓањето на вашето детеДоаѓањето на дете се смета за еден од најубавите, но и… Read more: Еве ги начините на кои можете да ја одржите врската со вашиот партнер по раѓањето на вашето дете
- Германија бара нови правила за проширување на Европската УнијаГерманскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денеска се заложи за… Read more: Германија бара нови правила за проширување на Европската Унија
Зеленски рекол дека единствен начин да се спречи нуклеарна несреќа во постројката е „нејзина потполна демилитаризација, деокупација и повторно воспоставување контрола над постројката од страна на Украина“.
Електраната во Запорожје е под контрола на Русија од март 2022 година, набргу по започнувањето на војната во Украина. Оттогаш постои страв од нуклеарна катастрофа, бидејќи Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирања во близина на електраната.
„Значаен разговор со претседателот Зеленски непосредно пред заминување на првата линија и нуклеарната електрана Запорожје. ИАЕА ја продолжува својата работа на спречување нуклеарна несреќа во Украина. Ви благодарам претседателе Зеленски на вашата поддршка во овие напори“, напиша Гроси на социјалната мрежа Х.
Претходно, во текот на денот, Гроси разговараше и со украинскиот министер за енергетика, Херман Халушченко, како и со Олех Кориков, вршителот на должност шеф на Украинскиот државен инспекторат за нуклеарна регулатива, и со Петро Котин, шефот на Енергоатом, украинскиот национален снабдувач со нуклеарна енергија.
Според ИАЕА, Гроси ќе патува во Запорожје „за да разговара и да ги оцени важните прашања и развој на настаните што се однесуваат на сѐ уште кревката нуклеарна сигурност и безбедносна ситуација на таа локација, вклучувајќи го и намалениот број персонал што работи во оваа голема постројка“.
Гроси по четврти пат ќе ја премине линијата на фронтот за да ја посети нуклеарната електрана Запорожје, чии шест реактори се затворени речиси 18 месеци и не произведуваат електрична енергија, но сѐ уште содржат големи количества нуклеарно гориво кое мора да се чува на безбедно, вклучувајќи соодветно ладење и безбедност, соопштија од ИАЕА.
Пронајдете не на следниве мрежи:


