Флорјан Зани, познат како Хајат e лицето кое го уапси грчката полиција под сомнение дека навредувал и малтретирал хендикепирани лица и девојчиња.
Овој 35-годишен Албанец со грчка адреса е популарен лик на социјалната мрежа Тик Ток во Грција, а спорните видеа кои ги емитувал во живо од неговиот стан биле со цел да ја зголеми гледаноста и заради финансиската добивка.
Зани беше уапсен во вторникот напладне и се очекува да се појави пред судот кој ќе му изрече соодветни мерки по обвинениетот за расизам, физичко повредување на ранливи лица и навреди.
Со илјадници следбеници на социјалните мрежи, Зани е обвинет и за блудни дејствија со девојки кои ги поканил да учествуваат во неговите видеа емитувани во живо на ТикТок и ЈуТјуб. Полицијата упадна во просториите каде Албанецот вршеше директни преноси, пишуваат албанските медиуми за случајот.
Грчките медиуми јавуваат дека како материјален доказ се запленети повеќе компјутери, хард дискови и компјутерски програми. Се очекува да продолжат истрагите за документираните злоупотреби што можеби ги направил 35-годишниот Албанец.
Обвинетиот, според информациите, ги негира обвинувањата и наводно останува на ставот дека не станува збор за експлоатација, бидејќи имало согласност. Конечно, тој тврди дека има резерви за тоа дали навистина се работи за луѓе со ментална попреченост.
Во неговиот дом, полицијата пронашла две лица со пречки во развојот кои Јутјубер ги искористувал за што глумат во контроверзните видеа од кои заработувал.
Грчка Прототема објави дел од хорор видеата на кои се гледаат маж и жена со интелектуална попреченост како жртви на навредливото однесување на 35-годишникот.
На двете видеа, се гледа како младиот човек кој глуми како бара пари што му ги должат „продуцентите“ , а потоа е безмилосно претепан од Јутјуберот и неговата банда.
Инаку во ноември минатата година во Керацини беше уапсен уште еден Јутјубер кој извршил слични дела на злоупотреба на млади со ментална попреченост. Показател за степенот на злоупотреба е фактот што тогашната истрага откри 554 хорор видеа што ги гледале 22.000 претплатници кои плаќале до 150 евра за да ги гледаат жртвите како страдаат.
- Нов скандал ја тресе ФИФА: Инфантино ја прикрил аферата за да избегне исфрлање на ДР Конго од Светското првенство?Светската фудбалска федерација (ФИФА) се најде во центарот на нов… Read more: Нов скандал ја тресе ФИФА: Инфантино ја прикрил аферата за да избегне исфрлање на ДР Конго од Светското првенство?
- Мицкоски: За време на владата на Филипче цените се 67 проценти над просекот во Европа, а денес 25 проценти пониски од европскиот просекПремиерот Христијан Мицкоски во гостување во ТВ Алсат говорејќи притисоците… Read more: Мицкоски: За време на владата на Филипче цените се 67 проценти над просекот во Европа, а денес 25 проценти пониски од европскиот просек
- Дали се согласувате на интимни врски само за да избегнете караница? Експертите предупредуваат против „секс за милост“Експертите за сексуални и партнерски односи предупредуваат дека сексот без… Read more: Дали се согласувате на интимни врски само за да избегнете караница? Експертите предупредуваат против „секс за милост“
- Поранешната партнерка на Крис Браун бара 40 илјади евра месечна издршка за нивната ќерка: Таа тврди дека плаќа премалкуПоранешната партнерка на Крис Браун, Дајмонд Браун, ја обвини пејачката… Read more: Поранешната партнерка на Крис Браун бара 40 илјади евра месечна издршка за нивната ќерка: Таа тврди дека плаќа премалку
- (Видео) Казнет возачот кој вееше знаме на улица и блокираше сообраќај во СкопјеПолицијата го казни возачот кој вчера го попречуваше сообраќајот во… Read more: (Видео) Казнет возачот кој вееше знаме на улица и блокираше сообраќај во Скопје



