Републиканците во Сенатот денеска го блокираа двопартискиот пакет закони со цел да се намали рекордниот број на нелегални гранични премини на САД и да вклучи милијарди долари итна помош за Украина, Израел и американските партнери во индо-пацифичкиот регион.
Официјални лица од администрацијата на претседателот Џо Бајден со месеци работат со демократите и републиканците во Сенатот на законот, кој не ги доби потребните 60 гласови од сенаторите за да биде усвоен, пренесува АП.
- Си Џинпинг: Конкуренцијата меѓу Кина и САД не смее да биде борба до смртКинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека и Кина и САД се… Read more: Си Џинпинг: Конкуренцијата меѓу Кина и САД не смее да биде борба до смрт
- Меланија Трамп е домаќин на првата дама на Кина, средбата е во фокусот на дипломатско значење и стил (фото)Меланија Трамп и Пенг Лијуан го посетија Националниот музеј на азиска уметност… Read more: Меланија Трамп е домаќин на првата дама на Кина, средбата е во фокусот на дипломатско значење и стил (фото)
- Дали имате висок крвен притисок? Ограничете ги овие три вида хранаВисокиѕ крвен притисок го зголемува ризикот од срцеви удари, мозочни удари и… Read more: Дали имате висок крвен притисок? Ограничете ги овие три вида храна
- Почувствуван земјотрес во Битола, Ресен и околината, епицентарот во ГрцијаСпоред податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,… Read more: Почувствуван земјотрес во Битола, Ресен и околината, епицентарот во Грција
- Земјотрес вечерва стресе делови од Македонија – ова се деталитеСпоред податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,… Read more: Земјотрес вечерва стресе делови од Македонија – ова се деталите
Претходно, повеќето републиканци потврдија дека ќе гласаат против законот.
Според двопартискиот предлог-закон, Израел ќе добие 14 милијарди долари, 60 милијарди се наменети за помош на Украина, а 10 милијарди ќе одат за хуманитарна помош за цивилите во Украина, Газа и Западниот Брег.
Републиканците првично бараа промени во граничната политика во замена за помош за Украина, но се откажаа од тој компромис оваа недела набргу по објавувањето на договорот за границата, сметајќи го за неадекватен.
Водачот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, рече дека ќе се обиде да го спаси пакетот за воена помош и ќе продолжи да се залага за гласање за помош од десетици милијарди долари за официјален Киев, Израел и другите сојузници на САД, но без легислативата за поефикасна контрола на американските граници.
Засега не е сигурно дали доволен број републиканци ќе гласаат за продолжување на постапката за гласање на законот за воена помош, бидејќи за усвојување на таа процедура потребно е и мнозинство од 60 гласови во Сенатот.
Пакетот помош за Украина во износ од околу 60 милијарди долари е закочен во американскиот Конгрес со месеци поради зголеменото противење на конзервативците во Претставничкиот дом и Сенатот кои ја критикуваат одлуката на администрацијата на Бајден како расипничка и бараат стратегија за излез на Америка од војната во Украина.
Пронајдете не на следниве мрежи:



