Тело на жена (42), со страшни повреди во пределот на главата, е пронајдено во понеделникот во куќа во село во близина на романскиот град Манзати, и маж (43), со кого жртвата наводно била во тајнa љубовна врска, е осомничен за убиство.
Локалните медиуми јавуваат дека брутално била убиена Кристина, мајка на 22-годишна девојка, која наводно по расправијата со сопругот Џорџ истрчала во прегратките на својот љубовник.
- ЛЕТАЛ СО „МЕРЦЕДЕС“ ПО АВТОПАТ: Возел 203 км/ч на патот Скопје – Свети НиколеВозач на „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки е регистриран како вози со… Read more: ЛЕТАЛ СО „МЕРЦЕДЕС“ ПО АВТОПАТ: Возел 203 км/ч на патот Скопје – Свети Николе
- Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот грчки амбасадор, Јоанис Малукос: добиено ветување за силна поддршка на македонскиот пат кон ЕУПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и… Read more: Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот грчки амбасадор, Јоанис Малукос: добиено ветување за силна поддршка на македонскиот пат кон ЕУ
- Механичарите не ги гледаат! Овие автомобили едноставно одбиваат да се расипатБританското списание „What Car?“ објави анкета за сигурност во која четири модели… Read more: Механичарите не ги гледаат! Овие автомобили едноставно одбиваат да се расипат
- Влегол кај деканот, оставил писмо со закани кон професори и заминалПоранешен студент оставил писмо со заканувачка содржина упатено до професори на Факултетот… Read more: Влегол кај деканот, оставил писмо со закани кон професори и заминал
- ЧУМАТА ПРЕД ВРАТИТЕ НА ЕВРОПА? Млада жена почина од тешка пневмонија, речиси 200 луѓе под надзор: Еве ги симптомите што сега се загрижувачкиСлучајот особено ја вознемири јавноста бидејќи жената работела во Институтот за истражување… Read more: ЧУМАТА ПРЕД ВРАТИТЕ НА ЕВРОПА? Млада жена почина од тешка пневмонија, речиси 200 луѓе под надзор: Еве ги симптомите што сега се загрижувачки
Во неделата вечерта Кристина и нејзиниот сопруг се скарале, по што таа бесно му рекла дека оди во соседното село. Сепак, се верува дека таа застанала во близина, во куќата на маж со кој наводно била во тајна врска извесно време.
Се верува дека парот пиел во текот на вечерта и дека во еден момент дошло до расправија меѓу двајцата. Тогаш се сомнева дека мажот, чие име не се соопштува, грабнал секира и ја удрил Кристина неколку пати во главата. Следното утро тој, наводно, самиот дошол кај Џорџ и му кажал дека Кристина е мртва.
„Утрото кај мене дојде ќерката на Кристина која живее во близина и се тресеше. Ми кажа дека дошол човек и го повикал татко и’ до капијата. Кога дошол сопругот на Кристина, тој му рекол: Здраво Џорџ, дојди да ти кажам нешто. Кристина, твојата сопруга е мртва во мојот двор, во мојата куќа. Јас лично никогаш не сум слушнал дека се скарале и дека имало проблеми во бракот“, изјави за медиумите соседот на убиената.
Сите во селото имаат само пофални зборови за убиената Кристина.
“Таа беше многу вредна жена, тивка. Работеше многу, го издржуваше семејството, но знаеше да пие”, велат мештаните.
Осомничениот за нејзиното убиство е приведен, а полицијата соопшти дека на 12 февруари, околу 9 часот, ѝ се јавила ќерката на жртвата.
Телото со видливи повреди во пределот на главата е пренесено на обдукција, за да се утврди точната причина за смртта“, соопшти полицијата.
Како што наведоа, приведен е сопственикот на куќата во која е пронајдено телото на Криста.
Пронајдете не на следниве мрежи:



