Затворската колонија каде што рускиот опозициски лидер и најгласен критичар на претседателот Владимир Путин, Алексеј Навални, ја издржуваше казната, ѝ кажа на мајка му дека тој починал од „синдром на ненадејна смрт“, рече членот на тимот на Навални, Иван Жданов.
Жданов на мрежата Х објави дека семејството на Навални чека да го побара телото.
Тимот на Навални тврди дека тој е убиен и ги обвинува руските власти дека го чуваат неговото тело за да ги „покријат трагите“.
- „Зелен хуман град“: Со измените на Законот за животна средина се ослабува заштитата од загадувањеПредложените измени на Законот за животна средина ќе ги ослабат механизмите за… Read more: „Зелен хуман град“: Со измените на Законот за животна средина се ослабува заштитата од загадување
- Трамп најави разговор со Путин; Тема: ЧумаПретседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека закажал средба со… Read more: Трамп најави разговор со Путин; Тема: Чума
- Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на 5 големи македонски компанииВладата на СДСМ прифати се што Бугарија побара. Дури договараа и продажба… Read more: Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на 5 големи македонски компании
- ЕУ кон проширување, Комисијата предлага големи промениЕвропската комисија предложи значајни реформи во начинот на кој функционира Европската Унија,… Read more: ЕУ кон проширување, Комисијата предлага големи промени
- Јапонски град обвинет за зголемување на бројките на населението додека земјата се соочува со демографски падЈапонските власти започнаа истрага против градските службеници на Тојама, откако се осомничени… Read more: Јапонски град обвинет за зголемување на бројките на населението додека земјата се соочува со демографски пад
Рускиот опозиционер Алексеј Навални почина на 47-годишна возраст во поправната колонија број 3 во автономниот округ Јамало-Ненец!
Информацијата за смртта на Навални во петокот ја потврди Одделот на Федералната поправна служба.
- На 16 февруари во воспитно-поправна колонија број 3, осудениот Наваљни А.А. се чувствува лошо по прошетката и речиси веднаш изгуби свест. Веднаш пристигнале медицински работници од установата и повикана е екипа на Итна медицинска помош – се наведува во соопштението.
Беа извршени сите неопходни мерки за реанимација, но, како што се наведува, не дале позитивни резултати.
- Лекарите од итната помош констатирале смрт на осудениот. Причините за смртта се утврдуваат – се додава во соопштението.
Федералната казнена служба на Русија исто така соопшти дека испраќа комисија во поправната колонија бр. 3 во автономниот округ Јамало-Ненец, каде што почина Алексеј Навални.
Еден од лидерите на руската позиција и најголем критичар на претседателот Владимир Путин, да потсетиме, минатиот август беше осуден на нови 19 години затвор под обвинение за екстремизам.
Пронајдете не на следниве мрежи:



