Украинските сили изминатата ноќ уништиле се 16 од 18 дронови лансирани од Русија

– Украина уништи 16 од 18 дронови кои Русија ги лансирала во текот на ноќта, соопшти денеска украинската армија.Се додава дека украинските воздушни сили и воздушна одбрана уништиле беспилотни летала од иранско производство над осум региони во централниот, западниот и јужниот дел на Украина, вклучително и во регионот на Киев.Украинските воздухопловни сили на Телеграм соопштија дека дроновите полетале од градот Приморско-Ахтарск од Краснодарската област, како и од ’ртот Чауда, од полуостровот Крим. 

Пронајдете не на следниве мрежи: