Воздухопловната база на НАТО во албанскиот град Кучово, која се наоѓа во јужниот дел на земјата, што е прва ваква база во Западен Балкан, ќе биде инаугурирана на 4. идниот месец.Подготовките на базата на НАТО во Кучово се при крај и за првпат Министерството за одбрана објави видео и фотографии од неа. Во видеозаписот, Командантот на албанските воздухопловни сили, бригадниот генерал Фердинанд Димо вели дека се е подготвено базата да профункционира.– Ние сме на крајот од сите работи за трупите на воздухопловните сили да се обучуваат во оваа база. Но, не само тоа, трупите на НАТО и НАТО авионите можат да се сместат, обучуваат и летаат од воздухопловната база Кучово, која веќе е тактичка воздухопловна база на НАТО, вели тој.Димо ги наведува и досегашните чекори, од моментот кога беше одлучено во Кучово да се изгради воздухопловна база за НАТО.– Во 2021 година беше планирано да се спроведат инвестициите за ревитализација на инсталациите на базата Кучово. Сега сме на крајот со реализацијата на три значајни проекти, како што се оградувањето и безбедносниот систем, како и периметарската заштита на базата. Приближно 50 милиони евра се инвестирани од НАТО, а повеќе од 5 милиони евра од албанската влада“, објаснува командантот на воздухопловните сили.Според него, изградбата на воздухопловната база на НАТО во Кучово ќе придонесе и за економски развој на целиот округ Берат.На свеченоста на 4 март ќе присуствуваат високи претставници на албанската држава, НАТО и САД. Инаку, базата е изградена за потребите на албанските воздухопловни сили за време на комунистичкиот режим кој владееше во Албанија помеѓу 1944 и 1991 година и го штитеше воздушниот простор на земјата. Исто така, била домаќин на различни видови руски и кинески авиони.Последните летови од оваа база биле извршени во 2005 година.
Пронајдете не на следниве мрежи:



