Необична приказна е снимена во градот Толјати, во областа Самара, а таа раскажува за бездомникот Александар.„Човекот крт“, како што го нарекуваат медиумите, го забележал рускиот блогер Антон Глечеров, кој решил да го дознае неговото минато и да му помогне.Блогерот истакна дека Александар не мириса на алкохол, туку дека зборува полека, како да преживеал мозочен удар.Неговиот соговорник објаснил дека пред 15 години пијан паднал во шахта, а претходно сопругата се развела од него.Бидејќи немал каде да живее, останал во канализацијата, па блогерот решил да му го побара семејството.Потоа открил дека Александар има блиски роднини во Толјати, па дури и во Москва, кои верувале дека тој во меѓувреме умрел.Му ветија дека ќе дојдат да го земат, но никогаш не се појавија, ниту пак одговорија на повеќе повици.
I got drunk & fell down a sewer after my wife kicked me out – but I liked it so much down there I’ve stayed for 15 years https://t.co/o0ulSePLkI https://t.co/9tKYZPcuip— The Sun (@TheSun_NI) February 25, 2024
Блогерот се обидува да му најде место на Александар во прифатилиште за бездомници, додека несреќниот маж истакнува дека е подготвен да работи за да има нормален живот.



