Ники Хејли и официјално се повлече од кампањата за републикански претседателски кандидат

– Поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли денеска на прес-конференција објави дека ја прекинува кампањата за претседателска номинација на Републиканската партија, јави ДПА.-Дојде време да ја суспендирам мојата кампања. Кажав дека сакам да се слушне гласот на Американците. Тоа и го направив. Не се каам, рече Хејли на прес-конференција во Чарлстон, Јужна Каролина.

„Со голема веројатност, Доналд Трамп ќе биде републиканскиот кандидат. Му честитам и му посакувам се најдобро. Му посакувам добро на секој што би бил претседател на Америка“, додаде Хејли.

Таа им порача на своите поддржувачи да бидат силни и храбри и да не се плашат.-Не се обесхрабрувајте бидејќи Бог ќе биде со вас каде и да одите, изјави Хејли.

Одлуката за прекин на кампањата значи дека единствениот преостанат кандидат за републиканската претседателска номинација е Доналд Трамп.На 20-те внатрепартиски избори одржани досега, Хејли победи само во главниот град Вашингтон и Вермонт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.