ОВР и Шумска полиција Гостивар советуваа за спречување на пожари на ниви и во шуми






Полициски службеници од Отсекот за превенција на СВР Тетово и Одделението за внатрешни работи Гостивар во содејство и координација со гостиварската Шумска полиција денеска (10 март) спроведоа превентивна активност за опасностите од настанување шумски и полски пожари на подрачјето.

„На поголем број граѓани, претежно возачи, на неколку места им се делеа летоци со информации и совети – како да постапуваат и на што да обрнат внимание доколку се движат или работат на нивите или во шумата. Притоа, посебно им беше укажано да не фрлаат опушоци и догорчиња, да не палат отпадоци, меѓи и стрништа на нивите или излетнички огнови на отворен простор. Граѓаните, исто така, беа запознати и со законските импликации предвидени за намерно или предизвикување пожар од невнимание, зависно од околностите и крајните последици. Денешната активност во Гостивар е во функција на подигнување на свеста кај граѓаните да бидат максимално внимателни претстојната пролет и лето, дотолку повеќе што во тие месеци се случуваат и најголемиот број од пожарите на поширокото гостиварско подрачје.“, извести портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Носители на оваа кампања се МВР и „Национални шуми” во содејство со Шумска полиција.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: