Една година по грозоморното убиство на 12-годишното девојче Луизa во Германија, медиумите објавуваат нови детали за злосторството што ја потресе Европа.
Луиза е убиена на 11 март 2023 година, а за нејзиното убиство се осомничени нејзината најдобра другарка (12) и уште едно дете (13).
- Можна средба меѓу Трамп и Зеленски на самитот Г7Американскиот претседател Доналд Трамп следната недела ќе учествува на самитот на Г7 во Франција,… Read more: Можна средба меѓу Трамп и Зеленски на самитот Г7
- Цените на нафтата паднаа на најниско ниво за речиси два месециЦените на нафтата паднаа за повеќе од четири проценти во петокот, на најниско ниво… Read more: Цените на нафтата паднаа на најниско ниво за речиси два месеци
- „Може да биде во интимна врска со другa, но морам јас да знам и да гледам“ – шокираше Милица Кон со својата изјава за својот сопругПознатата водителка и сопруга на композиторот Марко Кон, Милица Кон , беше гостинка во емисијата на… Read more: „Може да биде во интимна врска со другa, но морам јас да знам и да гледам“ – шокираше Милица Кон со својата изјава за својот сопруг
- Дали пиете доволно вода со лековите? Лекарот открива која количина е потребнаОд членовите на здружението до лекари, сите постојано нè потсетуваат да пиеме доволно вода… Read more: Дали пиете доволно вода со лековите? Лекарот открива која количина е потребна
- Вооружени напаѓачи во Нигерија убија 17 земјоделци додека работеле на полињатаВооружени лица убија 17 земјоделци додека работеа на своите полиња во северозападна Нигерија и… Read more: Вооружени напаѓачи во Нигерија убија 17 земјоделци додека работеле на полињата
Последните податоци покажуваат дека телефонот на пријателката на Луиза, којa е осомниченa за злосторството, бил регистриран повеќе од 70 минути на местото каде што е убиена Луиза.
Безживотното тело на девојчето, со повеќе од 70 убоди, било пронајдено во шумата Фрауденберг-Хоенхајм. Се верува дека нејзината најдобра пријателка ја намамила во шумата под изговор дека има специјално изненадување за Луиза. Луиза и’ испратила порака на мајка си дека оди со другарките да го види изненадувањето и никогаш не дошла дома.
Оружјето за убиство никогаш не е пронајдено, а постои сомневање дека Луиза била избодена со турпија за нокти. При обдукцијата биле откриени 74 убодни рани, а при нападот биле оштетени и бројни органи. Ниту една од убодните рани не била фатална, па заклучокот на судскиот вештак бил дека малата Луиза искрварила до смрт.
Во прилог на теоријата дека Луиза починала во агонија, тоа што телефонскиот сигнал на нејзината најдобра пријателка бил регистриран на местото на злосторството повеќе од 70 минути, пишува Телеграф.
Според неофицијални информации, убијците се фотографирале и со телото на Луиза.Никој не одговараше за ова грозоморно убиство, со оглед на тоа што осомничените поради возраста не можат кривично да одговараат.
Истрагата покажала дека осомниченото девојче дошло во шумата со торба и селотејп лента, со намера да ја удави Луиза, на што укажуваат трагите пронајдени на телото на убиеното дете. Кога не успеала во тоа, едната од девојките ја задржала Луиза, а потоа, веројатно, другата и’ нанела повеќе од 70 смртоносни убодни рани.
Она што дополнително ја шокираше светската јавност е фактот дека девојката се обидела да го прикрие злосторството. Извори од истрагата тврдат дека по убиството и’ се јавила на мајката на Луиза загрижена што Луиза сè уште не се вратила дома.
Додека сите ја барале Луизa, осомничената девојка била дома и бришела податоци од телефонот кои би можеле да ја компромитираат.
Пронајдете не на следниве мрежи:



