Полска се подготвува за војна? Варшава ќе потроши 30 милиони долари на засолништа од бомбардирање

Варшава ќе потроши 30 милиони долари на изградба на засолништа од бомбардирање и други безбедносни мерки, пред третата година од војната во Украина, рекол денеска градоначалникот на Варшава Рафал Тшасковски.

Иако Полска им вели на своите граѓани дека членството во НАТО сојузот ги обезбедува, актуелните случувања во Украина поттикнале подготовки за потенцијални напади, пишува „Reuters“.

Тшасковски навел дека се пронајдени околу седум милиони квадратни метри во Варшава кои може да служат како засолништа и најавил дополнителни вложувања во иднината.

Болниците ќе бидат подготвени за закани и јавноста ќе биде едуцирана за тоа како да се однесува во случај на опасност.

Во 2022-ра година полската власт најави дека пожарните служби ќе ја проверат состојбата на 62.000 засолништа од бомбардирање ширум државата.

Пронајдете не на следниве мрежи: