Јеменските Хуси: Од ноември 2023 година нападнавме 73 израелски, американски и британски брода

– Јеменските Хуси објавија дека од ноември 2023 година извршиле напади врз 73 брода на Израел, Соединетите Американски Држави (САД) и Велика Британија во Црвеното Море и Аденскиот Залив откако Израел започна напади врз Појасот Газа.Абдул-Малик ал-Хуси, лидер на проиранската група Хуси во Јемен, за телевизијата Ал-Месира изјави дека морале да реагираат на нападите на израелската војска врз Појасот Газа.„Гаѓавме вкупно 73 брода и други пловила (израелски, американски и британски, заб.ав.) во Црвеното Море и Аденскиот Залив од ноември 2023 година, кога започнаа нашите операции како форма на поддршка за палестинскиот народ во Газа“, истакна Ал-Хуси.Тој додаде дека во текот на операциите во Црвеното Море и Аденскиот Залив загинале 34 припадници на Хусите.Од минатата есен Хусите вршат напади врз товарните бродови во Црвеното Море во сопственост или управувани од израелски компании или кои превезуваат стока до и од Израел во знак на солидарност со Газа.Со ескалацијата на тензиите поради заедничките воздушни напади на САД и Велика Британија врз позиции на Хусите во Јемен, групата објави дека сите американски и британски бродови ги смета за легитимни воени цели.Црвеното Море е еден од најкористените морски патишта во светот за транспорт на нафта и гориво.

Пронајдете не на следниве мрежи: