Научниците во Перу пронашле фосил на речен делфин стар 16 милиони години (ФОТО)

Научниците откриле 16 милиони години стар фосил череп на речен делфин во Перу, чиј најблизок жив роднина е јужноазискиот речен делфин во индиската река Ганг.Палеонтологот Родолфо Салас изјави дека черепот му припаѓа на најголемиот делфин за кој е познато дека живеел во водите на Јужна Америка, пренесува Ројтерс.Делфинот наречен „Pebanista yacuruna“ по перуанското митолошко суштество е долг од три до три и пол метри, а некогаш живеел во водите на денешен Амазон.– Овој делфин е сроден со делфинот Ганг во Индија – рече Салас, истакнувајќи дека делфинот пронајден во Перу е многу поголем од неговите живи роднини во Азија.
Тој додаде дека предците на двата делфина претходно живееле во океанот.– Ова им овозможи да заземаат големи океански простори во близина на бреговите на Индија и Јужна Америка. Овие животни живееле во слатководни средини и во Амазон и во Индија. За жал, тие изумреа во Амазон, но преживеаја во Индија – изјави Салас.

Пронајдете не на следниве мрежи: