БАНКАТА НА РУСИЈА ЈА ЗАДРЖА ОСНОВНАТА КАМАТА НА 16% – Се очекува инфлација од 4,5% годинава

Управниот одбор на Банката на Русија (БР) одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на 16% вторпат по ред.

Според Централната банка на Русија, инфлаторните притисоци во Русија постепено слабеат, но и понатаму се високи.

Според банката, домашната побарувачка продолжува значително да ги надминува можностите за проширување на производството на стоки и услуги, а затегнатоста на пазарот на труд повторно е зголемена.

Банката на Русија ја задржа и претходната прогноза за инфлацијата годинава и е убедена дека ќе се движи меѓу 4 и 4,5%.

Се смета дека намалувањето на инфлацијата во Русија на посакуваните 4% и нејзиното стабилизирање на тоа ниво подразбира подолг период на рестриктивна монетарна политика во земјата.

Пронајдете не на следниве мрежи: