Најнови видеа од терористичкиот напад во Москва: Неофицијално над сто лица загинаа!

Во концертната сала „Crocus City Hall“ на северозапад од Москва дошло до пукање, а потоа и пожар. ФСБ соопшти дека во нападот има мртви луѓе.
Најмалку три лица во маскирни униформи отворија оган. Според репортерот на Спутник, има и ранети.
Во салата избувнал пожар. Неофицијално во нападот загинале над сто луѓе.

„Луѓе во маскирни униформи, од кои најмалку тројца, влегле во салата и отвориле оган од автоматско оружје. Има и ранети“, изјави репортерот на Спутник.
Според него, после тоа фрлиле граната или запалива бомба, поради што избувнал пожар.

Ангажиран е хеликоптер за гаснење на пожарот во „Crocus City Hall“, уште два хеликоптери се подготвени за лет.

Пронајдете не на следниве мрежи: