Русија ќе бара седница на Советот за безбедност на ОН – Осуди за нападот пристигнаа од речиси целиот свет

Швајцарија, Грција, Шпанија, Сирија, Иран, САД, ОАЕ, Србија, Белорусија и останати држави изразија осуда за терористичкиот напад во Москва и сочувство за семејствата на убиените. Засега нема реакции од македонските власти.

Русија ќе побара седница на Советот за безбедност на ОН поради терористичкиот напад во комплексот „Крокус“.

Амбасадата на Соединетите Американски Држави соопшти дека е шокирана од терористичкиот напад во Подмосковље и изразува сочувство до рускиот народ.
Исто така, британската амбасада во Русија го осуди терористичкиот напад во „Крокус“ ​​и упати сочувство до семејствата и роднините на загинатите и повредените.
Министерството за надворешни работи на Франција изрази сочувство до рускиот народ по терористичкиот напад во Москва.

Пронајдете не на следниве мрежи: