„МОСТОТ ИСЧЕЗНАЛ ЗА СЕКУНДА, 20 РАБОТНИЦИ ПАДНАЛЕ ВО РЕКА“ Товарен брод удрил во потпорен столб, СЕ ЗАПАЛИЛ И ПОТОНАЛ, а металната конструкција се урна: „Ова е пекол“

Мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор се урна рано утринава, кога во него удри товарен брод, јавија денеска американските медиуми. По ударот, бродот се запалил и потонал, додека неколку возила паднале од мостот во реката Патапско.Сведок: „Целата куќа ми се тресеше“Сведок го снимил уривањето на мостот во Балтимор.– Ако сакате да знаете што е „треснењето“, бродот удрил во мостот Ки (Френсис Скот) – рекол Боби Гатус, преместувајќи ја камерата над областа каде што стоел мостот.– Мостот го нема. Пекол – рекол тој.
BREAKING;Via unified command meeting;– 20 people were on the bridge at the time of the collapse.– They were all in three vehicles observed on video.– There is a breach in the hull of the cargo ship and strong smell of fuel in the air.#FrancisScottKeyBridge #KeyBridge… https://t.co/3Gnsvvgyx5— Grant Smith Ellis (@GrantSmithEllis) March 26, 2024
Друг сведок во близина на местото на инцидентот рече дека се разбудил од бучавата предизвикана од ударот на бродот и уривањето на мостот.– Го почувствував. Целата куќа се тресеше. Има делови од мостот што штрчат од водата, таму почива бродот. Ова е голема трагедија – изјави Џон Фленсберг кој живее во близина на водата во Балтимор.Поморската компанија „Синерџи Марин груп“ потврди дека „Дали“ удрил во столб на мостот во Балтимор.„Иако точната причина за инцидентот допрва треба да се утврди, „Дали“ сега ја мобилизира својата служба за да одговори на квалификувани индивидуални инциденти!“, изјавија тие. Сите членови на екипажот – вклучително и двајцата пилоти кои беа во бродот – се присутни и нема извештаи за повредени, додаде компанијата.„20 работници паднаа во вода“Но, се верува дека 20 работници паднале во водата откако бродот удрил во мостот, изјави началникот за комуникации на противпожарната служба во Балтимор. Тој посочи дека ситуацијата најверојатно ќе се промени со доаѓањето на повеќе детали, пренесе Би-Би-Си.Претходно беше соопштено дека најмалку седум лица се водат како исчезнати кога мостот Френсис Скот Ки во Балтимор се урна рано утринава откако е погоден од товарен брод.
🚨🇺🇸#BREAKING: A major bridge has collapsed in Baltimore after a ship collided into it.Thoughts and prayers with all those involved 🙏💔 pic.twitter.com/9XASQCjB0r— Censored Men (@CensoredMen) March 26, 2024
Портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт, изјави дека е во тек потрага по луѓе за кои се верува дека паднале во водата, како и „настан со масовни жртви што се развива“.Како што истакнува Би-Би-Си, властите не го прогласуваат инцидентот за „настан со масовни жртви“, освен ако ситуацијата е исклучително сериозна.Бродот удрил во носечкиот столб на мостотЗасега не се знае колкава е штетата на мостот кој е изграден во 1972 година и е долг околу три километри. „Дали“, контејнерски брод под сингапурско знаме, е долг 300 метри и бил на пат за Коломбо, Шри Ланка, пишува Би-би-си.
„Фокс њуз“ пренесува дека бродот удрил во еден од носечките столбови на мостот, по што му се урнал металната конструкција.„Сите ленти се затворени во двете насоки поради инцидентот на мостот И-695 Ки. Сообраќајот се заобиколува“, објави Државната транспортна управа на Мериленд на платформата X.

Пронајдете не на следниве мрежи: