Вељко Ражнатовиќ се сликал со дрес на „Партизан“ и сите ги изненади. Сите освен мајка му Цеца! Вељко на својот Инстаграм профил ставил слика во дрес на кој пишува „Партизан“. Тоа и не би било толку чудно ако неговиот покоен татко, Жељко Ражнатовиќ со голема страст не навиваше за вечниот ривал „Ѕвезда“ и беше водач на навивачка група.
„Кај нас дома владее демократија, секој има право да навива за кој клуб сака – рекла Цеца низ смеење и објаснила:
„Сите дома сакаме фудбал и заедно гледаме натпревари. Драго ми е што Вељко сака спорт. Младите треба да се стремат кон спортот, здравиот начин на живот кој им ги засилува не само мускулите, туку и карактерот, ја развива упорноста и чувството за дисциплина.“
Вељко на својот Инстаграм профил ставил слика во дрес на кој пишува „Партизан“. Тоа и не би било толку чудно ако неговиот покоен татко,