Има мртви, снимен моментот на пукање на браната на Урал!

Три лица загинаа во поплави по пукање на брана на реката Урал во градот Орск во областа Оренбург во Русија, а на социјалните мрежи се појави видео од моментот на пукање на браната.На видеото се гледа дека багерот се обидел да ја зајакне браната со земја, но протокот на вода ги срушил остатоците од бариерата и се излеал во градот.Кабинетот на градоначалникот на Орск ги информираше медиумите дека браната што го штити градот од реката Урал е пукната и дека во градот е воведена вонредна состојба.Претходно прес-службата на гувернерот и администрацијата на областа Оренбург во Русија објави дека во тој регион се поплавени 2.556 домаќинства и 6.886 градинарски парцели . Евакуирани се 4.208 лица, а 427 лица се во центрите за привремени престој.Russia. Orsk continues to flood after the dam burst.According to 112, the width of the collapse of the hydraulic structure is 10 meters.The level of the Ural River on the morning of April 6 is 9.27 m, which is more than 2 m above the dangerous level. https://t.co/0b83sioVGd pic.twitter.com/kzq7bFvj75— Victor vicktop55 (@vicktop55) April 6, 2024Во овој момент во Орск е најавено регрутирање на волонтери за отстранување на последиците од поплавите и евакуација на населението.

Пронајдете не на следниве мрежи: