Јужна Кореја ќе обезбеди 2,3 милијарди долари помош за Украина

Јужна Кореја ќе и обезбеди на Украина среднорочен и долгорочен пакет помош во вредност од 2,3 милијарди долари, чија испорака ќе започне оваа година, најави јужнокорејскиот министер за надворешни работи Чо Тае-Јол за време на состанокот на земјите-партнери во НАТО од Индо-пацифичкиот регион, објавија украинските медиуми.Покрај тоа, Сеул, исто така, ќе даде 12 милиони долари за рехабилитација на ранетите украински војници преку Фондот на НАТО за помош на Украина.На состанокот присуствуваа и претставници на земјите-партнери на НАТО од Индо-пацифичкиот регион, вклучително и Јапонија, Австралија и Нов Зеланд.Највисокиот дипломат на Јужна Кореја рече дека поддршката на Северна Кореја за вооружувањето на Русија влијае не само на безбедноста на Европа, туку и на Корејскиот Полуостров и на Индо-пацифичкиот регион. 

Пронајдете не на следниве мрежи: