Франција го повика Израел веднаш да ја запре воената операција во Рафа

Во соопштението објавено вчера, министерството го повика Израел „веднаш повторно да го отвори преминот Рафа кон Египет“, кој израелската армија го окупираше, пренесува БФМ ТВ.

Француското Министерство посочи дека отворањето на преминот Рафа е неопходно за да се достави хуманитарна помош до цивилното население и да им се овозможи на најранливите да го напуштат Појасот Газа.

Париз изрази жалење поради започнувањето на воената операција на израелската армија во Рафа и ги повика израелските власти „да направат сѐ што е можно за да обезбедат заштита на цивилите и да гарантираат пристап до хуманитарна помош, во согласност со меѓународното право“.

Се проценува дека операцијата во Рафа се заканува да предизвика катастрофална ситуација за цивилното население во Газа, кое веќе неколку пати е раселено.

Франција го повика Израел да ги продолжи преговорите, велејќи дека тоа е единствениот можен начин да се ослободат заложниците и да се постигне траен прекин на огнот.

На почетокот на неделава израелската армија од палестинска страна ја презеде контролата врз преминот Рафа меѓу Појасот Газа и Египет.

Пронајдете не на следниве мрежи: