ВИДЕО| Патниците заминале збунети и мокри за време на 4-часовниот лет до Њујорк: „Врне дожд во авионот“

Девојката во еден момент ја соблекла натопената бела кошула и ја фрлила преку потпирачот за грбНеобичната сцена е снимена за време на четиричасовниот лет до Њујорк, а меѓу патниците била и тиктокерот Савана Говарти.Таа објави видео кое за краток период го погледнале 3,6 милиони луѓе. Таа не откри со кое друштво патува.На видеото гледаме кабина исполнета со необична магла, а девојка со видно мокра коса и лице вели: „Што се случува?“.
@savinnyc Nothing better than being on a 4hr flight back to new york soaking wet and cold #flying #plane #vacation #pilot #fyp ♬ Paper planes M.I.A – songs for u <3 Во еден момент Савана ја соблече натопената бела кошула и ја фрли преку потпирачот за грб, надевајќи се дека ќе се исуши, пишува Daily Star .„Четиричасовен лет. Ладно ми е“, изјавила девојката пред камерата.Пилотот на авионот, наводно, ја коментирал ситуацијата со зборовите: „Изгледа како да врне во кабината“.Нереалната сцена е резултат на кондензација на вода во системот за проток на воздух и уредите за ладење, пишува New York Post .

Пронајдете не на следниве мрежи: