петок, 27 ноември 2026
Најново

Избодени две лица во кошаркарското куп финале на Косово (ВИДЕО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај


Избодени две лица во кошаркарското куп финале на Косово (ВИДЕО)

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ


Во Косово се случил инцидент по завршувањето на финалниот натпревар од кошаркарскиот куп меѓу Трепча од Косовска Митровица и Голден Игл од Сува Река.

Од полицијата потврдија дека две лица биле избодени по завршувањето на средбата. Двете лица побарале итна медицинска помош по што биле навреме хоспитализирани.

„Околу 21:30 часот добивме пријава дека две лица на кошаркарски натпревар се повредени со остар предмет и побарале помош во регионалната болница во Митровица. Полицијата работи на расчиствување на случајот“, иформираше портпаролот на полицијата, Авни Захити.

Во финалето Трепча успеа да слави со победа во „мајсторката“ од 67:66 и за нив тоа беше петта титула во историјата на клубот, но прв по пауза од 12 години.

Поврзани вести