Драма на небото! Авионот остана без мотор, пилотот спречи трагедија со неверојатен потег: Камерата сними сè (ВИДЕО)

Драматичната снимка е снимена во Австралија, а го прикажува моментот кога малиот авион го загубил моторот, а пилотот со чудесен маневар ја избегнал трагедијата.Инцидентот се случил во Нов Јужен Велс додека авионот принудно слетал на аеродромот Банкстаун во неделата околу 14 часот по локално време.„Помош, имаме проблем со моторот“, рече пилотот преку радио.„Примено, доаѓа помош. Сите писти ќе бидат достапни“, одговориле од контролната кула.Снимката од хеликоптер покажува како леталото ја губи висината и се чини дека за влакно ги избегнува покривите на куќите, покривите на дрвјата и зградата на аеродромот.Аеродромските служби и итните служби брзо реагирале, а е снимен моментот кога пилотот и копилотот неповредени излегле од кабината.

Детална истрага за инцидентот ќе врши Дирекцијата за безбедност на цивилното воздухопловство.

Пронајдете не на следниве мрежи: