Почина една од најубавите актерки во светот

Контактирана е и нејзината мајка, која во солзи само накратко изјавила една реченица.Актерката и ТВ водителка Анастасија Заворотњук почина ноќта на 30 мај, по долго боледување, на 53-годишна возраст.Порака за ова се појави на нејзините страници на социјалните мрежи.Информацијата за смртта на актерката за „ТАСС“ ја потврди нејзиниот режисер Станислав Христов.– Драги пријатели! Невозможно е да се разбере и многу е тешко да се најдат вистинските зборови. Нашата Настја почина вечерва по долго и тешко боледување. Ви благодариме на секој од вас што искрено посака добро, се молеше за здравје и веруваше. Настја отсекогаш ја чувствувала и навистина ја ценела вашата поддршка – се вели во објавата на страницата на актерката VKontakte.Местото и времето на погребот ќе бидат објавени подоцна.Еден од руските портали стапил во контакт и со нејзината мајка, која во солзи накратко рекла:– Сега не можам да кажам ништо – рече таа. View this post on Instagram A post shared by Анастасия Заворотнюк (@a_zavorotnyuk)

Пронајдете не на следниве мрежи: