Индиската влада соопшти дека поради грешка во мерните уреди, во средата била забележана рекордна температура од 52,9 степени Целзиусови во главниот град Њу Делхи, кога всушност била три степени пониска.
Индискиот министер за наука Кирен Риџију рече дека коригираната температура, која беше измерена на метеоролошката станица во Мунгешпур, предградие на Њу Делхи, сега е валидна откако индискиот метеоролошки оддел откри грешка во мерните инструменти.
Њу Делхи сега има рекордна температура од 49,1 степен за среда, што е забележано на метеоролошка станица каде не е забележана грешка при мерењето.
Инаку, од топлотниот бран што ја зафати Индија досега загинаа 33 лица.
Највисоката температура во Њу Делхи претходно беше забележана во мај 1998 година и изнесуваше 48,4 степени.