Нетанјаху ја прифати поканата да зборува во американскиот Конгрес

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја прифати поканата да се обрати во двата дома на американскиот Конгрес, соопшти неговиот кабинет.

„Привилегија е да го претставувам Израел пред двата дома на Конгресот и да им ја претставам на претставниците на американскиот народ и целиот свет вистината за нашата праведна војна против оние кои бараат наше уништување“, рекол Нетанјаху, соопшти неговиот кабинет.

Се додава дека тој ќе стане првиот странски лидер што ќе има четири такви настапи таму.

Највисоките законодавци во Соединетите Држави упатија официјална покана до Нетанјаху да одржи говор пред Конгресот имајќи ја предвид поддршката за Израел за време војната во Газа, пишува Ал Џезира. 

Поканата од републиканските и демократските лидери во Сенатот и Претставничкиот дом во петокот дојде додека Меѓународниот кривичен суд размислува да издаде налог за апсење на Нетанјаху за наводни воени злосторства.

Пронајдете не на следниве мрежи: