ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА ВО ИТАЛИЈА: Пронајдени телата на девојките кои беа прегрнати во поројот, младото момче се уште го нема (ВИДЕО/ФОТО)

Во Италија по речиси 48 часа потрага пронајдени се телата на две девојчиња кои заедно со млад човек ги однел порој кај Удине.Патриша Кормос (20) и Бјанка Дорос (23) беа пронајдени мртви откако исчезнаа во поплавата во петокот.Пожарникарите во водите на реката идентификувале безживотни тела на две девојки. Идентификувани се од противпожарните единици и екипите на цивилната заштита, кои трет ден по ред се ангажирани во овој случај.Две тела се пронајдени на околу 700 и 1.000 метри од местото каде младите последен пат биле видени во очајна прегратка, пред да бидат однесени од водите на реката Надижа.Продолжува потрагата по третото лице Кристијан Молнар (25) кој бил со нив во моментот на нивното исчезнување.
Una delle ragazze disperse nel fiume Natisone è una ventenne residente a Campoformido, Patrizia Cormos, che ieri mattina aveva sostenuto un esame all’Accademia di Belle arti Tiepolo di Udine, dove frequenta il 2° anno.nella foto: Cristian Molnar, Patrizia Cormos e Bianca Doroș pic.twitter.com/bMww05KiNw— Tgr Rai FVG (@TgrRaiFVG) June 1, 2024
Да потсетиме, тројца млади исчезнаа во петокот околу 14 часот. Наводно се сликале покрај реката Надижа, кога нивото на водата наеднаш почнало да расте. Кога водата дошла до нивните глуждови и колена, тие се прегрнале и чекале помош, надевајќи се дека ќе ја совладаат силата на реката.За жал, спасувачите не успеале да ги извлечат, а младите исчезнале во поројот. Видеото од нивната последна прегратка стана вирално во регионот.Во меѓувреме, била пронајдена чантата на Патриша, а внатре бил нејзиниот телефон.

Во близина е пронајден автомобил со романски регистарски таблички, а медиумите објавија дека исчезнале млади луѓе од Романија.

Пронајдете не на следниве мрежи: