Една од најубавите жени на светот го прослави својот 51 роденден, покажа дел од атмосферата од забавата

Една од најубавите жени на светот го прослави својот 51 роденден, а дел од атмосферата од забавата сподели со своите следбеници.Хајди Клум е родена во малото германско гратче Бергиш Гладбах.Нејзиниот татко бил директор на козметичка компанија, а мајка и била фризерка. Хајди успеа да се пробие од мало гратче до светска слава. Таа е најпознатата германска манекенка и една од најуспешните светски манекенки.Нејзината кариера започна речиси случајно кога се пријави на натпревар за моделирање на ТВ-шоуто „Gottschalk Late Night“. Таа на крајот потпиша договор со германската агенција за модели Метрополитен. Првите неколку години со манекенство се занимаваше само во Европа, а подоцна тоа стана познато и низ целиот свет. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)Во 1998 година, таа се најде на насловната страница на магазинот Sports Illustrated, потврдувајќи го нејзиниот статус на еден од најголемите светски топ модели.Сега, покрај со манекенство, таа се занимава и со разни други работи, па лансираше и дизајнираше своја линија на чевли, накит и парфеми. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Пронајдете не на следниве мрежи: