Баерн даде 1 милион евра на настраданите од поплавите во Германија

Баерн Минхен донирал 1 милион евра за настраданите од поплавите во јужна Германија, објави баварскиот клуб преку официјално соопштение.-Поплавите предизвикаа големи штети и страшни страдања. Особено во такви исклучителни ситуации, потребен е посебен дух на заедница, што многу луѓе во моментов го демонстрираат на теренот. Баерн сака да покаже солидарност и да ги поддржи погодените, изјави претседателот на Баерн, Херберт Хајнер. Како клуб, вели извршниот директор Јан-Кристијан Дрисен, Баерн се залага за единство и хуманост и посветени сме да им помогнеме на оние на кои им е потребна.-Со последиците од оваа природна катастрофа на нашиот праг, ние мора да застанеме заедно и да сакаме да направиме се што можеме за да обезбедиме брзо олеснување на погодените, изјави тој.Силен дожд и поплави во двете германски покраини Баварија и Баден-Виртемберг предизвикаа штети во текот на викендот, а според временските прогнози се очекуваа нови врнежи.Четири лица загинаа, а илјадници се евакуирани, а други беа принудени да ги напуштат своите домови во изминатите неколку дена, откако јужна Германија беше поплавена од силен дожд, поради што реките се излеаја од коритата.

Пронајдете не на следниве мрежи: