Малата Софија (1,5) загина пред градинка, баба ја удрила со оваа „мечка“: Не ја ни видела, дошла да го земе внукот

Бабата која ја удри Софија со „мечката“ застанала на место за инвалиди бидејќи немало бесплатен паркинг. Се верува дека во еден момент видела слободен простор и отишла во рикверц за да го придвижи возилото. Потоа ја удрила малата.Полицијата во Италија ги истражува сите околности на несреќата во која вчера животот го загуби 18-месечното девојче Софија пред градинката „Мала Енглеска“ во Бреша. Девојчето го прегазила баба која со џип „мерцедес“ дошла да го земе внукот прваче.
Трагедијата се случила околу 15 часот и 45 минути додека малата Софија, држејќи ја за рака баба и, се движела низ паркингот, среќна што оди дома кај мама и тато. Тогаш жената (70) отишла во рикверц и со задниот дел од џипот ги удрила Софија и нејзината баба. Несреќнотов девојче завршило под возилото, додека нејзината баба се здобила со повреди на рацете и нозете.Одекна крик до небото. Лекар, родител на дете кое посетува истата образовна институција, веднаш притрчал кон џипот и се обидел да и пружи прва помош на малата Софија. Паркингот беше полн со родители и деца, бидејќи околу 16 часот главно сите доаѓаат да ги земат своите малечки. Набрзо на местото на несреќата пристигнале и вработените во градинката и сите се обиделе да и помогнат на малата Софија која не давала знаци на живот. Девојчето доживеало срцев удар и, иако успеале да ја оживеат, по пристигнувањето во болница починала.Нејзината баба во шок и со повреди на екстремитетите е префрлена во болницата Санта Ана, а лекарска помош и била потребна и на бабата која била зад воланот на мерцедесот кој удрил во Софија.На паркингот од мерцедесот брзо пристигнал сопругот на бабата, кој рекол дека неговата сопруга е во шок.„Вискаше. Најважно е да се спаси детето, мојата сопруга веќе ќе се опорави од шокот“, рече тој, верувајќи дека лекарите ќе успеат да ја спасат малата Софија. За жал, немало помош за девојчето.Полицијата сега се обидува да утврди како точно се случила трагедијата. Се проверува дали сонцето за момент ја заслепило бабата која била зад воланот или пак имало проблем со автоматскиот менувач.Според италијанските медиуми, бабата го паркирала својот мерцедес на место за инвалиди бидејќи паркингот бил полн. Наводно, таа никогаш не го напуштила возилото, за да може повторно да се паркира во случај некому да му треба тој простор. Наводно, во еден момент видела празно паркинг место и отишла во рикверц и го свртела воланот налево. Во тој момент ја прегазила Софија.Од образовната институција не сакаа да даваат изјави за медиумите.Не се знае дали бабата е приведена по страшната несреќа.

Пронајдете не на следниве мрежи: