Германија ќе нарача уште 20 авиони Еурофајтер

– Германија ќе нарача 20 дополнителни авиони Еурофајтер, со цел да ги зајакне своите воздухопловни сили и да ги подобри нивните способности, соопшти денес канцеларот Олаф Шолц.Говорејќи на церемонијата на отворањето на саемот за воздухопловство ИЛА Берлин, Шолц рече дека Владата започнала со нова набавка за одбраната, со цел да одговори на новите безбедносни предизвици по почетокот на руската војна против Украина.„Ќе нарачаме уште 20 авиони Еурофајтер во овој легислативен период, покрај 38 авиони што се на пат. Ние сме посветени и на понатамошни перспективи во врска со Еурофајтер и во однос на извозот“, рече тој.Авионите Еурофајтер заеднички се прозведуваат од Германија, Велика Британија, Шпанија и Италија во конзорциум. Тие можат да се користат и за воздушна одбрана (воздух/воздух) и за воздушен напад (воздух/земја). Германските воздухопловни сили моментно во служба имаат околу 138 Еурофајтери.

Пронајдете не на следниве мрежи: