Фото: Најинтересните моменти од МАРС 2013

Македонскиот радиски фестивал МАРС, оваа година се одржа по шести пат, а започна со многу малери што неколку пати ги збуни водителите Марија и Марко. Меѓутоа издржаа храбро до крај, сепак се работеше за пренос во живо.Првиот малер тргна со Ведрана Ѓорѓевиќ која за малку ќе се испружеше на сцената.

Диме за инает на сите повторно носеше кошула по свој вкус.

Поради технички грешки Драгана Чуприна не се приклучи во живо. Тоа беше премногу збунувачки за водителот Марко, па тој го згреши пликот со награда и прогласи грешни победници.

 

Тамара не дојде да си ја подигне наградата и Марко пак се збуни.

И Бени за малку ќе беше жртва на незгодно поставените скали на бината.

Светлана Црнокрак му ја додели на Даре наградата за најслушана балада и откри дека неговата кариера тој ја започнал како манекен во нивното модно студио.

16-годишната Марија беше прва која вечерта се осмели да пее во живо.

Влатко Илиевски за прв пат настапи на МАРС . До толку се возбуди, што дури наместо во микрофон зборуваше во статуетката.

Есма многу расположено го испеа својот дел во „Пред да се раздени“.

Франц се израдува за наградата за апсолутен радиски хит.

Тајзи џапна две статуетки.

Владо Георгиев ја „лајкна“ Марија.

Јелена Розга си пееше „Циркуз“.

Роберт Билбилов си се поздрави самиот за успешната наградена композиција.

Викса си беше Викса.

И усните на Бејби и Франц имаа многу блиска средба.

Извор: Република
 Првиот малер тргна со Ведрана Ѓорѓевиќ која за малку ќе се испружеше на сцената.

Пронајдете не на следниве мрежи: