Фатен на фотографија после смртта: „Мојот син се врати од мртвите“

Семејството на Николас Меккејб, жртва од торнадото во Оклахома, вели дека фотографија го покажува духот на момчето кое бдее над своето семејство.Скот Меккејб верува дека сликата од неговата внука Медисон покажува втора фигура во позадината-неговиот починат син Николас.
Ожалостените родители на момчето кое загина кога торнадо погоди основно училиште во Оклахома, се убедени дека го имаат видено своето 9 годишно дете после неговата смрт.
Скот Меккејб тврди дека на една слика од неговата внука Медисон како си игра со прскалка, нивниот син се покажува на позадината
Николас и уште седум негови соученици починаа кога на 20 Мај, торнадо го разруши основното училиште “Plaza towers” во Мур, Оклахома.
Неговото ожалостено семејство сега пронаоѓа утеха во сликата од неговата братучетка Медисон, која е сликана на прославата за 4ти Јули, пренесува News 9. Николас Меккејб и шест други деца починаа кога се сруши ѕид врз нив во основното ушилиште,за време на торнадото.

 
“Не можев да си поверувам во тоа што го гледам. Николас го сакаше 4ти Јули и обожуваше петарди,” изјави Скот за News 9.
“Брат ми рече дека целиот се наежил кога ја видел сликата,” додаде Меккејб. ”Јас бев занемен”
Очигледно е дека не е Медисон, туку се две личности на сликата. Една личност и еден дух. Николас е погребан со црвена маичка од училиштето и неговиот татко е убеден дека токму таа маица ја носи и на сликата.
Скептиците за сликата велат дека тоа е само матна фотографија, поради тоа што телефонот бил поместен додека е сликана.
Но, Меккејб цврсто верува дека сликата е доказ дека неговиот син го чува неговото семејство.
“Тие можат да зборуваат што сакаат. Јас верувам. Верувам дека бдее над нас” вели тој.
КурирСкот Меккејб верува дека сликата од неговата внука Медисон покажува втора фигура во позадината-неговиот починат син Николас.
Ожалостените р

Пронајдете не на следниве мрежи: