Московската берза го запира тргувањето со американски долари и евра поради американските санкции!

Од 13 јуни Московската берза престанува да тргува со американски долари и евра поради американските санкции, се вели во соопштението на берзата.
Според соопштението, на девизниот пазар и на пазарот на ретки метали ќе се тргуваат со сите валути, освен валутен пар американски долар/евро.

Во исто време, се ќе функционира нормално на фјучерс-берзата.
Претходно, Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави го објави осмиот пакет антируски санкции, вклучувајќи повеќе од 30 лица и 200 организации од Русија, како и од Кина.
Санкциите се однесуваат и на руската финансиска инфраструктура, вклучувајќи ја Московската берза, Националниот клириншки центар, осигурителната компанија СОГАЗ и други.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.