Кина ја осуди одлуката на ЕУ да воведе дополнителни царини за нејзините електрични возила

Пекинг во четвртокот ја осуди одлуката на Европската унија (ЕУ) да воведе царини за кинеските електрични возила, нарекувајќи го чинот протекционистички и рече дека се надева дека европскиот блок ќе ги исправи своите „погрешни практики“ и ќе ги реши трговските спорови преку дијалог.Официјални лица од индустријата велат дека и Европа и Кина имаат причина да склучат договор во наредните месеци за да избегнат додавање нови трошоци од милијарди долари за кинеските производители на електрични автомобили.Кина соопшти дека ќе ги преземе „сите неопходни мерки“ за да ги заштити своите интереси откако Европската комисија во средата објави дека од јули ќе воведе дополнителни царини до 38,1 отсто за увезените кинески електрични автомобили.„Ја повикуваме ЕУ внимателно да ги слуша објективните и рационални гласови од сите сфери на животот, веднаш да ја исправи својата погрешна практика, да престане да ги политизира економските и трговските прашања и правилно да ги реши економските и трговските конфликти преку дијалог и консултации“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. портпаролот Лин Џијан на редовен брифинг со новинарите.

Пронајдете не на следниве мрежи: