Американската војска соопшти дека убила висок функционер на ИД во Сирија

Американската војска во Сирија го уби високиот функционер на Исламската држава Осама Џамал ​​Мохамед, соопшти американската Централна команда (ЦЕНТКОМ). Во соопштението објавено на платформата Х се вели дека неговата смрт ќе ја наруши способноста на ИД да планира и изведува терористички напади. „Нема индикации дека во овој напад биле повредени цивили“, се вели во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.