НЕВЕРОЈАТНО: Експлодираа хакирани пејџери на членови на Хезболах! Има мртви, околу 2.300 повредени! (ВИДЕО)

Неименуван функционер на Хезболах рече дека детонирањето на пејџерот е „најголемото нарушување на безбедноста“ што милитантната група го претрпе во речиси една година војна со Израел.

Осум лица загинаа, а речиси 2.750 се ранети во серија симултани детонации на пејџери низ Либан, изјави денеска министерот за здравство Фирас Абијад.

Тој истакна дека 200 повредени лица се во критична состојба, пренесува Ројтерс.

Меѓу повредените има и борци и медицински лица на Хезболах, а иранските медиуми јавија дека полесно е повреден и иранскиот амбасадор во Либан, Мојтаба Амани.

Безбедносни извори ја потврдија оваа информација за Ројтерс, наведувајќи дека пејџерите ги користат членовите на Хезболах за комуникација.

Меѓу повредените има и борци на Хезболах и медицински лица.

Неименуван функционер на Хезболах рече дека тоа е „најголемото нарушување на безбедноста“ што и се случило на милитантната група во речиси една година војна со Израел.

Репортерот на Ројтерс видел возила на брза помош во јужните предградија на Бејрут додека во областа владеела паника.

Локалните жители велат дека последната експлозија се случила 30 минути по првата, додека некои од нив се обидувале да откријат дали меѓу повредените има и членови на нивните семејства.

Безбедносниот извор додаде дека уредите експлодирале и во јужен Либан.

Израелската армија, која од октомври минатата година разменува оган со Хезболах, паралелно со војната во Газа, не го коментираше инцидентот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.